Четири лица починаа за два дена од ковид 19 во штипската болница, најмладиот на 48 години

Тројца починати лица од корона вирусот регистрирани во штипската болница во последните 24 часа, едно лице од Кочани на 48 годишна возраст, едно на 78 години од Пробиштип и едно лице од Скопје на 80 годишна возраст. Едно починато лице е регитрирано и во текот на вчерашниот ден од Пробиштип на 74 годишна возраст. Во изминатото деноноќие новопримени се три пациенти, испишани нема. Според ова бројката на хоспиталиизрани на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип е 43, од кои 34 имаат потреба од кислоордна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се само четири пациенти. Слободни се 17 ковид кревети и пет за днавна амбуланта, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани се уште нема хоспиталиизрано ковид пациенти на Интерното одделение кое работеше како ковид оддел, потврдуваат од болницата. Истовремено нема најави за негово повторно активирање.

Во општините од Истокот моментално активни се 697 ковид случаи, најмногу во Штип 270 и во Кочани 159. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево.

Според инфмроации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Лаура Стојанова М-Нет