
ВМРО – ДПМНЕ се тие коишто го политизираат настанот, реагираа од СДСМ. Имено, по прес – конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ, од СДСМ истакнаа дека тие како парија немаат влијание врз протоколи утврдени од стручни лица. Според нив, менаџментот на КБ Штип доследно настојува истите да се почитуваат, а истовремено во рамки на истите да излезат во пресрет на барањата на градоначалникот.
„Излезе на виделина причината поради која во текот на вчерашниот ден градоначалник Јорданов изведе театарска претстава за пошироката публика. За ситни дневно- политички поени, иницирaње скандал и глумење жртва, градоначалникот се дрзнал да влезе во акушерското одделение иако во телефонскиот разговор на вработена во кабинетот им било посочено дека треба да помине одреден временски период по породувањето за да може да се посети родилката. Градоначалникот и лицата задолжени за протокол во неговиот кабинет треба да знаат дека постојат протоколи во рамки на институциите, а за здравствените институции тие се посебно строго дефинирани.“ – стои во писмената реакција од СДСМ.
Ребека Спасова М-Нет