Физички пресметки во Делчево, Пробиштип и Радовиш

На 24.12.2021 во СВР Штип е пријавено дека во 16.45 часот во близина на мобилара во Пробиштип Д.Ф.(35) и М.Б.(52) двајцата од Пробиштип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2021 во 04.30 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект во Делчево по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.П. од с.Разловци, делчевско и К.С. од с.Тработивиште, делчевско. Сочинети се записници за констатиран прекршок од ЗППЈРМ.

На 24.12.2021 во 00.05 часот во СВР Струмица е пријавено дека во угостителски објект во Радовиш е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.И. од с.Војславци од една страна и И.И., П.Н. и Ф.К. сите од Радовиш од друга страна при што во обид да ја спречат пресметката вработените во угостителскиот објект Б.Ј. и Н.М. биле физички нападнати од Р.Л., М.Р. и М.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.