Католички Божиќ – се слави Христовото раѓање

Денес католичките христијани го прославуваат Божиќ – големиот христијански празник, денот на Христовото раѓање. Римокатоличката црква, протестантските цркви како и некои православни цркви кои го прифатиле новото сметање на времето по Грегоријанскиот календар на 25 декември го слават овој празник. Вчеравечер во црквата „Св. Благовештение“ беше одржана Бадникова миса, на која присуствуваше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а со која се одбележа Бадник.

На мисата беше прочитана проповед и дел од Светото Писмо, а како што истакна отец Тони Ангелов во телефонски разговор за Мнет, ова е голем празник за целиот христијански свет и затоа се прославува со сите почести кон Христа.

Божик денеска го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската, Руската и Српската Православна Црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Ребека Спасова МНет