

Сообраќајна незгода утринава нешто пред осум часот се случи на улицата „Карл Маркс“ во Штип кога дошло до судир меѓу две возила. Имено, едното патичко моторно возило било паркирано, додека друго возило во движење удрило во паркираното при што се запалило. На лице место на настанот интеревенираа од Територијалната противпожарна единица Штип, од каде истакнаа дека за кратко време возилото е изгаснато.
„ Утринава во 8:20 часот по дојава на граѓани се случи сообраќајна несреќа на улицата непосредно пред нас, каде доаѓа до судир меѓу две патнички моторни возила, при што едното возило се запалува. Излеговме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, за кратко време пожарот е изгаснат“ – кажа Атанасов.
На лице место беа и полициски службеници од полициската станица Штип, се направи и увид на местото на несреќата. Како што потврдија и од СВР Штип причинета е материјална штета. Дополнително една жена која била во возилото се пожалила на повреди при што била пренесена во Клиничка болница Штип. Од таму кажаа дека се уште се вршат испитувања, жената е на ренген, но не е во животна опасност.
Лаура Стојанова М-Нет