
На десетина дена пред Нова година надлежните во Општина Штип разочарани од секојдневната ситуација со украсувањето во градот. Имено, Штип предновогодишно веќе светна, но првиот човек вели дека секоја вечер несовесни граѓани крадат и уништуваат дел од реквизитите. И покрај тоа што неколку пати е пријавувано во полиција, виновниците се непознати, а сликата се повторува.
„Сакам да споделам една информација со јавноста во Штип. Сакам да го изразам моето разочарување за вандализмот, за несовесноста од страна на некои наши сограѓани кои се повтроува последните неколку денови. Знаете дека започнавме со едноскромно предновогодишно осветлување на нашиот град. Не сакам да верувам дека станува збор за намера која се повторува. Имено, поголем дел од реквизитите, светилките уште пред да бидат ставени во функција се искинати, исечени и украдени. Тоа се случува практично секоја ноќ и покрај тоа што е пријавено во МВР“ -кажа Јорданов.
Поради ваква ситуација Јорданов најави и промена на локацијата за новогодишниот базар. Истиот ќе се одржи овој викенд односно од 24 до 26 декември на плоштадот Слобода во Штип.
Според Јорданов институциите треба да бидат по ажурни во дејствувањето, конкретно полицијата со цел да може да се спречат вакавите појави во иднина.
Од СВР Штип потврдија дека денеска има пријава за сторено кривично дело кражба.
„ Денеска во СВР Штип е пријавено од страна на општината кривично дело кражба на новогодишни реквизити за украсување на градот од паркот на Мак фест. СВР Штип преземаат оперативно тактички мерки за откривање на сторителите на кривичното дело и пронаоѓање на реквизитите“ – додадоа од полицијата.
Лаура Стојанова М-Нет