Стефан Стојков носител на „Трофејот штипски боречки асови“

Над стотина млади борачи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово настапија на Меморијален турнир „Трофеј штипски боречки асови“ што традиционално се одржува во чест и спомен на прерано почитувани боречки легенди.

Турнирот кој со свечен церемонијал го отвори Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов беше успешен за борачите на Балканец кои воодушевија со своите борби и освоени признанија.

Први места во своите категории освоија: Андреј Мишев, Лука Ананиев, Стефан Стојков, Зоран Шоров, Андреј Трајчов, Викторија Ѓурова и Марија Цветанова, Втори места во своите категории освоија: Дарио Ѓуров, Леон Манов, Јован Атанасов, Стојанче Стојков, Јован Стефанов и Анабела Данилова. Трети места во своите категории освоија: Христијан Тасевски и Јован Митев. За најдобар женски борач беше прогласена Диелза Сула од Косово, најдобар техничар Аико Казаријан од Грција, За најдобар странски борач беше прогласен Валентин Бојанов од Бугарија, а Андреј Мишев од Балканец беше најдобар домашен борач. Трофејот за штипски боречки асови сосема заслуѓено му припадна на Стефан Стојков – борач на Балканец.

Турнирот мина во фер и коректна армосфера и во одлична организација на техничкиот организатор БК „ Балканец “ од Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk