
Дивите депонии кои се создаваат секојдевно проблем за граѓаните од Источниот дел на државата. Граѓаните од Кочани со реакција до нашата редакција велат дека депониите кои се создаваат секојдневно ја загадуваат животната средина, нудат грда слика и неподнослива миризба. Излетничките места како патот кон браната Градче, кон Пониква, во населбата Трајново трло се само дел од местата каде може да се забележи секаков вид на неконтролирано расфрлан отпад. Кое решение ќе го понуди новата Локална власт во Кочани по основ на ова прашање го прашавме градоначалникот Љупчо Папазов, кој беше дел од нашата емисија Зум анализа. Тој истакна дека се работи и ќе се работи за чистење на депониите во Кочани.
„Тоа го наметнувам како дел од работите кои не очекуваат и да ги довршиме натаму во комплетна реализација на овој проект кој предвидува затворање на сите локални депонии и на градската депонија која по нашите навик ја ослувуваме како депонија, а е инаку собиралиште на отпад и каде го депонираме долги години отпадот. Сите останати депонии кои ги набројавте ќе бидат исчистени“ – кажа Папазов.
Папазов во оваа прилика најави дека во проектот е предвидено и изградба на претоварна депонија која се наоѓа на локација меѓу Општините Кочани и Виница.
„Од таму се депонира на локацијата на регионалната депонија, да имаме еден квалитетен систем во одржувањето на хигиената, односно собирањето, транспотрирањето и депонирањето на отпадот и на крај одржување на здрава и чиста животна средина“ – додаде Папазов.
Општините од Истокот, постојано се со акции за собирање и чистење на диво создадените депонии, а нив пак се почесто ги има во поголем број. Папаазов истакна дека кога ќе се отвори депонијата во Свети Николе ќе биде намален и овој проблем за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет