
На 14.11.2021 во 18.00 на регионалниот пат Штип – Плачковица, помеѓу с.Долни Балван и с. Таринци, полициски службеници од СВР Штип извршиле контрола во патничко возило „фиат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.А.(49) од Штип, при што биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва. Пронајдените дрва и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.