Денес започнува СП во Карате, Е. Павлов и Ж.Арсовски ги добија противниците

Денес во Дубаи започнуваат борбите во рамките на Светското Карате првенство на кое настапува и македонската репрезентација. На овој светски Карате „самит“ ќе настапат вкупно 1054 натпреварувачи од 117 земји а меѓу нив се и дванеасетмина каратисти од Македонија, 10 каратисти кои ќе настапат во Кумите – борби и двајца во Кати. Веќе е извршена ждрепката за претстојните борби и се знаат противниците на нашите каратисти. Штипјанецот Емил Павлов кој ќе настапи во категорија од – 67 кг. за противник го доби Матеј Хомола од Словачка а Жарко Арсовски во категорија од +84 кг. ќе се бори против Роб Тимерманс од Куракао. Еве ги комплетните двојки и противници на нашите каратисти:

жени:

  • – 50 Сара Радичевска – Јуна Цуки ( Филипини)
  • – 55 Јована Георгиева – Видат Драу ( Алжир)
  • – 61 Вероника Костовска – Жаклин Фактос (Еквадор)
  • – 68 Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора)
  • + 68 Симона Симовска – Софи Абилд (Данска)

мажи

  • – 60 Фаик Вејсели – Алекс Џинеста (САД)
  • – 67 Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка)
  • – 75 Петар Заборски – Алекс Мензес (Боливија)
  • – 84 Берат Јакупи – Анур Бугрин (Белгија)
  • + 84 Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Куракао)

кати

Александар Неделковски

Пуликсенија Јовановска

Инаку Светското Карате првенство во Дубаи, ОАЕ ќе се одвива во периодот од 16 до 21 ноември оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk