
Низ Штип продолжува да се асфалтира, уредува и реконструира. Ако претходната недела таргет беа двете улици во населбата Осми Ноември, денес, на почетокот од неделава почна да се работи во населбата Македонка. Според градоначалникот, Иван Јорданов, ваквата активност е за подобрување на животот во приградските населби, но и истите како индустриска зона да бидат привлечни за отворање нови компании.
„Денес со асфалтирањето на овие улици ја подобруваме инфраструктурата во индустриската зона, ја подобруваме комуникацијата, но исто така и пристапот на компаниите коишто работат во оваа индустриска зона. Она коешто е наша обврска е по донесувањето на генералниот урбанистички план да не застанеме овде, туку да продолжиме со подобрување на инфраструктурата и во останатите планирани индустриски зони. Тие ќе отворат дополнителни капацитети за отворање нови работни мести, а со тоа и ќе се подобри и економската состојба во нашиот град“, напомена Јорданов.
Во оваа приградска населба во моментов се работи на асфалтирање на две улици кои се во должина од 600 метри и во вредност од еден милион денари, финансиски средства од буџетот на Општина Штип.
Ребека Спасова МНет