
Краткиот престој во родниот Штип на нашиот интернационалец а воедно македонски репрезентативец го искористивме за краток разговор за синоќашниот натпревар и брилијантната победа на Македонија над Исланд изразена со резултат 3:1.
- „ Немам зборови да ја искажам радоста на нас играчите кои преставуваме една другарска целина во која живееме како една фамилија и секако на армијата наши навивачи кои ни дуваа во грб и ни беа дванаесетти играч. Ваква невидена сплотеност, еуфоричен декор зачинет со најразлични навивачки реквизити, национални знамиња едноставно беше поттик за нас играчите да изгинеме на теренот и да го заокружиме аманетот, најпрвин да победиме а со тоа и да се пласираме во понатамошниот бараж циклус. Со денови, месеци живеевме, работевме, се подготвувавме и потајно се надеваме на ваков успех кој значи белег за наша лична афирмација, за популарност за нашите клубови во кои настапуваме и секако за најдрагоценото – за боите на нашиот национален македонски дрес. Кај нас играчите нема поделби, нема игнорирање, нема антагонизми, живееме и играме сите за еден со една единствена цел да успееме и да ги израдуваме нашите симпатизери овде во Македонија и насекаде по цел свет од каде ни пристигнуваа и те како драгоцени зборови на толку важната подршка. – беа зборовите на Бојан Миовски кој важи за исклучително корисен и со голови надарен играч во дресот на МТК од Будимпешта по што замина за Скопје а од таму ќе отпатува за Унгарија со даден завет: – „Здравје за месец дена настапува зимската пауза и се гледаме повторно во Штип“.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk