
Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Ерменија каде што утре, четврток ја очекува мошне важен дуел со селекцијата на Ерменија. Селекторот Благоја Милевски е соочен со неколку повредени првотимци, но Македонија има достојни замени кои ќе ја оправдаат довербата. Средбата со Ерменија и со Исланд на 14 ноември се теоретските шанси за освојување на тоа второ место и се очекува сите играчи да го дадат сиот свој максимум и со евентуални победи, но и поволни резултати од конкурентските селекции да го достигнат невозможното. Еве го мислењето на нашиот интернационалeц Бојан Миовски:
„Иако Македонија се судрува со повредени фудбалери, ние достојни ќе се бориме да оствариме успех и да дојдеме до толку очекуваното второ место во групата. Мора да ја оправдаме довербата од селекторот, треба да бидеме повнимателни во извршувањето на поставените тактички задачи и секако да бидеме поефикасни со цел да оствариме победа против Ерменија.
Инаку македонската селекција утре, четврток ќе гостува на репрезентацијата на Ерменија а на 14 ноември на арената “Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Исланд. На прво место во групата „Ј“ е селекцијата на Германија со 21 бод, втора е Романија со 13 бодови а Македонија и Ерменија го делат третото и четвртото место со по 12 бодови, но нашата селекција има подобра гол разлика.
Драги Герасимов – Пушка mnet.mk