
По подолг временски период и дел од улиците во населба „Пребег“ во Штип ќе бидат асфалтирани. Утринава увид во градежните активности извшри првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Тој истакна дека утре ќе биде поставен и асфалтот.
„Денеска сме на улицата „Славонска пожега“ во населба Пребег да направиме увид во градежните активности кои што се одвиваат во насока на припрема на утрешнто асфалтирање на истата улица. Наша цел и обврска е да овозможиме поголем функционалност на институциите, на изведувачите за да можеме подобро, побрзо и поквалитетно да ги изведуваме сите градежни активности“ – кажа Јорданов.
Претходните проблеми со водовод и канализација веќе се надминати со што може да започне асфалтирањето на улицата, истакна одговорното лице за вододвод и канализација, Бранко Георгиев.
Дел од граѓаните во оваа населба велат дека промена и реконструкција на оваа улица се прави после долги 15 години. Но, проблемот со одводната цевка не е решен се уште односно ако има пообилни дождови водата се собира по улицата и по дворовите на граѓаните.
„Па најпрво беше може и од лани летото имаше тука дупка, стоеше се со вода се пунеше, псле дојдеа работија, ставаа цевка тука водоводо ни го менија, тоа може да беше и месец дена и од август дојдеа изгребаа го асфалто после силниот дожд кога заврна донесе тука песок, камења…
Јорданов во разговор со граѓаните истакна дека решение ќе се најде и на овој проблем. Дополнително истакна дека се при крај улиците кои останале започнати, а не завршени од претходната Власт.
Најавата е дека ќе продолжи да се реконструира и да се асфалтираат улици се додека временските услови го дозволуваат тоа. До сега од улици кои беа започнати, а не завршени во фаза на завршување се улиците „Панче Караѓозов“ и „Личка“.
Лаура Стојанова М-Нет