За новите конзоли во Штип да се направат, граѓаните 15 дена ќе шетаат во темница

Наредните 15 дена централното градско подрачје ќе биде оставено без улично осветлување. Не е за првпат, но за разлика од претходно сега е барем најавено. Граѓаните во претстојниот период ќе се движат во темница, за потоа да може да уживаат во ново, модерно и убаво. Имено, заради работни активности на конзолите кои се посавуваат од мостот кај градската црква до мостот кај Гимназијата во Штип, осветлување ќе се постави по 15 дена. До тогаш директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов, повика на трпение и разбирање од страна на граѓаните бидејќи се работи за помодерен и поубав град.

„Поради изведување на градежни работи, односно изградбата на т.н. конзоли на потегот од мостот кај градската црква до Гимназијата, во наредните 15 – 20 дена ќе нема улично осветлување. Се работи само за делот од патот каде што се наоѓа општинската зграда. По завршувањето на градежните работи, сите бандери коишто ќе бидат извадени, ќе бидат поставени на нови позиции и ќе проработи уличното осветлување“, истакна Ефтимов.

Со промената на Локалната Власт во Штип граѓаните имаа можност да пријавуваат проблеми со што надлежните би реагирале и би им излегле во пресрет на потребите на граѓаните. Еден од основните посочени проблеми беше токму со осветлувањето кое го нема во повеќе делови од градот во Исарот како и во дел од приградските населби.

Лаура Стојанова МНет