Футсал: Екипата на Кардшлк во Штип ќе го пречека тимот на Конзул од Битола

Футсал второлигашите во овој викенд комбинирано ќе ги одиграат натпреварите од второто првенствено коло. Годинава градот Штип е застапен со три екипи во ова второлигашко друштво, Мал Ајакс кој ќе настапи денес и Астибо и Кардшлк кој ќе настапат во недела. Кардшлк за прв пат пред својата публика и навивачка група ќе се сретне со екипата на Конзул од Битола и ќе ја „брка“ првата победа, откако во првото коло загубија од Астибо со резултат 5:1. Кардшлк претставува екипа составена од млади и перспетивни играчи кои се одлично технички потковани, но ќе им треба привикнување кон футсал правилата и секако повеќе колективна игра. Еве ги комплетните парови за ова второ коло:

  1. Клими – Форца
  2. Овче Поле – Мал Ајакс
  3. Велешта – СЕЕ Универзитет
  4. Кардшлк – Конзул
  5. Црешово топче – Астибо
  6. Проект Јосифово – Кеги Моби

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk