
Македонската фудбалска репрезентација го заокружува циклусот квалификации за Катар 2022 со два натпревари, на 11 ноември ќе гостува на Ерменија а на 14 ноември ќе биде домакин на Исланд. За таа цел поради репрезентативни обврски на некои натпреварите во рамките на Првата лига ќе се одиграат во сабота на 6 ноември а второлигашките средби на програмата ќе бидат во недела 7 ноември. Тимот на Брегалница во ова 13 коло ќе биде домакин на „градски“ и ќе се сретне со екипата на Скопје а од ова коло се менуваат и термините за почеток на средбите, односно ќе започнуваат во 13.00 часот. Исклучок ќе биде средбата од второлигашкиот натпревар во Пехчево, Кит Го – Победа кој ќе се одигра во сабота со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk