Опозицијата ја напушти првата седница на Советот, претседателот изгласан без нивно присуство

Неизвесно и доста интересно ќе бидат донесувани одлуките од страна на членовите на новиот совет на Општина Штип. Со оглед на фактот дека ниту првата конституитивна седница не помина мирно, изгледа советниците ќе имаат доста работа. На дневен ред имаше седум точки межу кои требаше да се избере и претседател на Советот на Општина Штип, но по час време советниците заглавија на третата точка. Имено, во свечената изјава која требаше да ја потпишат не пишуваше Република Северна Македонија, па позицијата и опозицијата наидоа на несогласување.

„Јас уште еднаш ќе повторам дека сите Закони кои досега немале измена од промената на Уставното име не се променети само поради промена на Уставното име“ – истакна Рогожарска.

„Законодавецот во Законот за Локална самоуправа нема направено измени. Ние сме Совет на единица на Локална самоуправа, Совет на Општина Штип. Од тие причини службите свечената изјава ја имаат напишано согласно Законот за Локална самоуправа. И мислам дека, да не правиме проблем уште на почетокот на конституирањето на Советот да ја потпишаме свечената изјава како што е доставено од службите.“ – кажа Иванов.

„Барам да се направи измената од причина што статутот на општината е променет и во истото стои и задолжително мора да се наоѓа Усатвното име, бидејќи сите останти документи кои се донесуваат е со Република Северна Македонија.“ – додаде Рогожарска.

По паузата опозицијата предложи одложување на седницата за Законодавниот дом да одлучи по ова прашање и да донесе одлука во најкраток можен рок. Мнозинството од позцијата не ја прифати одлуката со што опозицијата ја напушти првата седница. Од страна на советниците од Владејачката партија сите точки беа изгласани со што Весна Кожинкова Карагунова е новиот претседател на Советот на општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет