
Новиот Кик – бокс светски шампион Димитар Ѓоргиев се врати во Скопје после напорниот светски Кик – бокс самит кој што се одржа во Италија. Огромна беше реакцијата на искрените спортски навивачи ширум Македонија, Европа па и светот кон овој исклучително вреден успех во кој Димитар Ѓоргиев по четврти пат во својата кариера се искачи на највисокиот, победничкиот трон. Со златни букви во македонскиот спорт се испишани неговите светски подвизи во 2011, потоа во 2013, во 2015 г. и сега во 2021 година. Успех за почит, респект и внимание постигнат со голем напор, тренинг и откажување од многу младински задоволства и со припомош на неговите од стручниот штаб. Во денешниот разговор за Мнет ТВ, Димитар Ѓоргиев нагласи дека засега се воздржува од секакви за него приеми, дочеци и било какви други организации во негова чест, истовремено упатувајќи искрена благодарност кон сите оние кои му честитаа на успехот и на големиот подвиг. Еве ја неговата реакција во целост:
- „ Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред се од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е нај омразениот златен медал што сум го освоил до сега. Иста така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ке бидат откажани а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е не избежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа!
- – Се вели во реакцијата на Димитар Ѓоргиев која ви ја пренесуваме во целост и со наша благодарност кон него да емитуваме дел од финалната борба во која го освои златниот медал и титулата Светски шампион победувајќи го Никола Дробњак од БиХ во дисциплината Лоу – кик а во категорија – 81 кг.
- Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk