Штипски празничен спортски викенд зачинет со Кошарка и Одбојка

Вечерва во Штип започнуваат првенствените викенд возбудувања во рамките на првенствените борби во Кошарка и Одбојка. Женската одбојкарска екипа на Младост УГД која се натпреварува во Првата „Б“ лига на Македонија ќе биде домакин на екипата на Вардар ЕК од Скопје. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Јордан Мијалков вечерва со почеток во 18.00 часот. Утре, сабота со почеток во 13.00 часот во истата сала во натпревар од Првата „Б“ кошаркарска лига на Македонија – жени ќе се сретнат екипите на Тим Арена и на Куманово. Во попладневниот термин со почеток во 16.00 часот во првенствен Одбојкарски натпревар на Супер лигата на Македонија за мажи ќе се сретнат тимовите на Штип УГД и на Вардар од Скопје. И за крај овој спортски празничен ден ќе биде зачинет со Кошарка во која ќе се сретнат екипите на Соколи 1933 и на Борец од Велес .

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk