Источното фудбалско дерби во Кочани директно на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт

Фудбалските второлигаши утре сабота на програмата ќе ги имаат натпреварите од редовното 8 коло во кое вниманието на јавноста ќе биде насочено кон Кочани. Тимот на Осогово конечно почна да се буди, во минатото коло освои големи три бода на жешкиот терен во Струмица а сега го очекува ново источно дерби. Имено на стадионот Никола Мантов ќе гостува традиционалниот ривал тимот на Кит Го од Пехчево кој пак годинава сеуште трага по поволни резултати. Од овој натпревар благодарејќи на одличната соработка со ФФМ на нашата Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт ќе вршеме директен пренос. Еве ги комплетните двојки за ова 8 коло:

  1. Братство – Каменица Саса
  2. Слога – Кожув
  3. Осогово – Кит Го
  4. Локомотива – Беласица
  5. Победа – Детонит

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 23 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk