Кик – бокс: Д.Ѓоргиев обезбеди бронза – пораз на В.Варадинова на СП во Италија

Светското првенство во кик – бокс е во тек на градот Џесоло Лидо во Италија а веќе на повидок доаѓаат позитивни вести за настапот на некои наши репрезентативци. Вообичаено најмногу се очекуваше од Димитар Ѓоргиев и тој полека но сигурно оди по зацртаниот победнички план. Во дисциплината Луо – кик а во кат. – 81 кг. Димитар Ѓоргиев во првото коло го победи италијанецот Давид Дано. Потоа Ѓоргиев го совлада и србинот Милош Даковиќ за да обезбеди полуфинале и бронзен медал. Во полуфиналето нашиот кик – боксер ќе се сретне со бугаринот Никола Николов и со евентуална победа ќе обезбеди настап во финале. За настап во полуфинале ќе се бори и Бобан Илиоски во дисциплината К -1 во кат. – 86 кг. а за противник ќе го има србинот Александар Менковиќ. Штипјанката Викторија Варадинова во дисциплината Лоу – кик во кат. – 65 кг. загуби од претставничката на Србија Валентина Кери.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk