Ноќните клубови од наредниот викенд почнуваат со работа

Претставници на повеќеод 20 ноќни клубови со најава за граѓанска непослушност доколку Власта остане глува на нивните барања. На денешниот состанок тие едногласно одлучија дека од наредниот викенд дискотеките ќе бидат отворени почитувајќи ги сите мерки кои Владата ги донесе за угостителските  објекти.

„Ноќните клубови во затворен простор во Македонија се единствените од целоит регион и од целиот свет кои со одлука на Влада се во целост затворени не работат  повеќе од 19 месеци. Единствено кај нас не се најде начин и решение да работат со соодветни портоколи за работа. Во меѓувреме секјдневно сме сведоци дека се останато работи нормално како воопшто да нема корона вирус.“ – кажа Арсовски.

Логика во она што се работи претставниците на ноќните клубови не гледаат, бидејќи летото кога се пуштија дискотеките на отворено се покажа дека со почитување на мерките за заштита од ковид 19,тие не се причинители за ширењето на корна висрусот.

„Не ја гледаме логиката граѓаните да се вакцинираат, а ние повторно да седиме затворени како што не ја гледаме логиката да секојдневно сведочиме забави и настани кои се одржуваат во кафе барови кога единствената разлика е во работното време“ – додаде Арсовски.

Претставниците на ноќните клубови упатија апел до Власта  во текот на наредната недела да организира состанок со нив за да се утврдат принципите за работа. Во спротивно тие ќе се држат до веќе донесената одулка, бидејќи нивните загуби се големи, а над 600 лица кои биле вработени останале без своето работно место.

Лаура Стојанова М-Нет