„Рапсодија во плаво“за пробив на Брегалница кон врвот на прволигашката табела

Фудбалерите на Брегалница просто „везеа“ по теренот на „градски“ во Штип во првото полувреме во кое едноставно ја отпишаа екипата на Македонија ЃП. Постигнаа три атрактивни гола кои беа надополнети со уште еден во вториот дел за висока победа и нови три бода. Првиот гол падна во 18 м. а стрелец на голот беше Никола Ескиќ за водство на Брегалница од 1:0. На водство од 2:0 зголеми Марјан Алтипармаковски во 27 минута. Во финишот на полувремето односно во 45 м. судијата Александар Грујоски оправдано досуди пенал за Брегалница поради играње со рака на еден играч на гостите. Сигурен реализатор на ударот од 11 м. беше Мартин Стојанов за водство на Брегалница од 3:0. Во второто полувреме гостите направија повеќе измени што резултираше со поорганизирана игра и со намалување на резултатот на 3:1 а стрелец на голот за Македонија ЃП беше Абу Камара во 71 м. По овој гол гостите силно навалија кон голот на Брегалница што пак отвори можност за организирање на брзи контранапади. Така беше и во 79 м. кога Брегалница преку Марјан Алтипармаковски постигна нов гол за конечен резултат од 4:1. Судиската четворка на чело со Александар Грујоски одлично го водеше натпреварот кој беше мошне фер и коректен со само три доделени жолти картони, два за играчите на Брегалница и еден за гостите. Еве ги комплетните резултати од ова 10 коло:

  1. Работнички – Скопје 0:1
  2. А. Пандев – Шкендија 2:1
  3. Брегалница – Македонија ЃП 4:1
  4. Ренова – Пелистер 2:0
  5. Струга ТЛ – Борец 1:1
  6. Тиквеш – Шкупи 0:1

Табела

1.Шкупи 23

2. Ренова 21

3. А. Пандев 18

4. Брегалница 16

5. Работнички 15

6. Шкендија 14

7. Струга ТЛ 14

8. Скопје 12

9. Македонија ЃП 10

10. Борец 8

11. Тиквеш 6

12. Пелистер 4

Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk