
Денес се одиграа натпреварите од 7 коло на ВМФЛ – Исток во кое се постигнаа неколку неочекувани резултати. Пред се тоа се однесува на киксот на Беласица во Струмица и на Кит Го во Пехчево или пак на одличните резултати на Осогово и на Слога. Лидерот на табелата Каменица Саса освои бод во Гевгелија и остана на врвот . Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:
- Победа – Братство 5:0
- Детонит – Локомотива 2:1
- Беласица – Осогово 0:2
- Кожув – Каменица Саса 0:0
- Кит Го – Слога 1:2
Табела
- Каменица Саса 17
- Победа 16
- Слога 16
- Беласица 11
- Осогово 10
- Кит Го 9
- Кожув 8
- Детонит 7
- Локомотива 4
- Братство 1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk