
Вкусните и ароматични жолто – златни дуњи почнуваат да се појавуваат во својата уникатна форма во месец октомври. Пред сè, нивната атрактивност е во широкиот спектар примена, зашто во овие есенски денови се корисни со голема нутритивна и витаминска вредност.
„Дуњата е интересно овошје, кое луѓето најмногу го сакаат за слатко од дуњи, кое е прочуено, и компот. Може и како секое овошје да се излупи, пресече и јаде. Така што, во овој период дуњата е многу барана. Само на нејзе ѝ треба уште малку време да добие пожолта боја и да биде прекрасна. Сега овој месец е најбарана.“
Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести. Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.
Производството на нашето поднебје е, секако, можно, но за убави и сочни плодови не е доволно само да се засади овошно дрво. Потребно е постојан труд, редовно следење и секојдневна грижа.
„Прво знаеме, нели, дека се раѓа на дрво. Садницата треба да се насади и за две години го дава плодот. Треба вода, наводнување на дрвјата, да не е сушно. Ако сакаме дуња, мора да биде добро одгледата. Исто така, треба да се закројува дрвото, тие гранки кои се сушни, за да има прекрасен плод. Блага дуња има. Ние им сечеме на купувачите и ја пробуваат. Обично мазната дуња е блага, секогаш.“ Изјава од 00:43 (за производство) до 01:14 (имаме) лепено од 01:18 (блага) до 01:29 (секогаш)
Дуњата е во семејството цветни билки, заедно со јаболките, крушите, како и јапонските јаболка. Во минатото често се користела во медицински цели, а денес со уникатните вкус и арома служи за подготовка на чај и многу јадења. Веќе во декември тешко може да се најде во својата свежа форма.
Ребека Спасова МНет