
Утринава на мирен протест излегоа вработените во Македонски пошти во во сите објекти во земјава, вклучувајќи ја и Општина Штип. Незадоволни од условите во кои работат, нередовната исплата на плата, како и немањето соодветна опрема за работа особено кај поштарите беа причините поради кои тие ги предупредија надлежните.
„Денеска нашата подружница излезе на предупредувачки протест поради огромното незадоволство за финансиската состојба во компанијата, лошите услови за работа и нередовно земање на плата. Еве денеска е 15 во месецот ние се уште немаме земено плата. Компанијата е во лоша состојба и ние бараме да се подобрат сите тие услови“ – кажа Драгица Стојановска-Претседател на синдикат на Македонска пошта.
И додека од една страна од Самостојниот синдикат станува збор за протест, од друга страна за синдикалната организација ова е поддршка за синдикалците.
„Ова е само поддршка на нашите претставници кои се во Скопје и кои треба денеска да ги изложат нашите барања пред надлежните во нашата фирма, потоа ќе зависи како ќе постапуваме.“ – додаде Павле Филипов-претседател на Синдикална организација на АД„Пошта„
Доколку не се исполнат барањата на вработените, тие најавија радикализација на протестите.
Лаура Стојанова М-Нет