Кик – боксерката Викторија Варадинова ќе настапи на СП што ќе се одржи во Италија

Градот Лидо де Џосоло од 15 до 24 октомври ќе биде во епицентарот на светските кик – боксерски случувања на кое ќе настапат преку 1400 кик – боксери од околу 70 држави. Чест да настапи на ова СП ќе има и македонската репрезентација предводена од селекторот Дејан Митровски – Урко кој веќе го одреди и списокот на патници за Италија. Меѓу нив е и штипјанката Викторија Варадинова која веќе подолг период предизвикува почит и восхит со својата атрактивност и постигнувањето на одлични резултати како на домашен така и на меѓународен план. Викторија Варадинова ќе настапи во дисциплината Лоу – кик во категорија – 65 кг. Еве го комплетниот список на наши репрезентативци:

  • – 81 кг. Димитар Георгиев – Лоу – кик
  • – 84 кг. Климент Гроздановски – Кик – лајт
  • – 86 кг. Бобан Илиоски – К-1
  • – 89 кг. Климент Гроздановски – Кик – лајт
  • – 63.5 кг. Роберт Костовски – Лоу – кик
  • +94 кг. Стефан Михајловски – Кик – лајт
  • – 57 кг. Филип Ризов – Лоу – кик
  • – 63.5 кг. Марко Тодоров – К-1
  • – 65 кг. Викторија Варадинова – Лоу – кик

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk