Николов: Ќе го реконструираме мостот над автобуската станица во Штип!

После 60 години Локалната власт предводена од СДСМ изгради нов мост над Брегалница, во таа насока кандидатот за градоначалник од СДСМ, доктор Сашко Николов најави реконструкција на мостот на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.

„Мостот е изграден во шеесетите години на минатиот век и до денес нема извршено реконструкција или обнова на главните елементи од неговата конструкција. Преку овој мост дневно поминуваат над две илјади возила што е значително оптоварување за истиот. Ја воочивме потребата од целосна реконструкција на носечките елементи, со што со секоја измината година се зголемува и опасноста од попуштање на некои од овие елементи што може да предизвика вистинска катастрофа. Вредноста на оваа инвестиција изнесува некаде околу 14 милиони денари“ – кажа Николов.

Николов истовремено додаде дека во изминатиот период се работело на создавање квалитетни услови за сите граѓани, од современи училишта, детски градинки до регионални и локални патишта, како и здрава вода за пиење, водовод и канализација.

Лаура Стојанова М-Нет