
Фудбалската репрезентација на Македонија ги израдува своите симпатизери со убава фудбалска престава која беше зачинета со 4 прекрасни гола и крунисана со блескава победа. Победа која направи скок на нашата селекција на второто место на табелата со 12 бода и гол разлика 15:6, за разлика од Ерменија која има исто така 12 бода, но гол разлика 8:10. На синоќашните натпревари за Македонија така речено „одиграа“ и селекциите на Исланд која одигра 1:1 со Ерменија и Германија која ја победи Романија со 2:1. Македонија во водство од 1:0 дојде во 39 м. со голот што го постигна Велковски. На 2:0 зголеми Алиовски од пенал во 65 м. Третиот гол беше дело на штипјанецот Бобан Николов во 74 м. за да конечниот резултат 4:0 го постави Чурлинов во 83 м. Она што радува е и деби – настапот на нашиот Бојан Миовски кој конечно се појави не теренот и имаше неколку зрели шанси кои за жал не беа реализирани. Еве го неговото видување за натпреварот со Лихтенштајн кој ќе биде запаметен во неговата меморија.
Македонската селекција веќе во понеделник ја очекува ново искушение кога во натпревар од 8 коло во Скопје ќе гостува лидерот на табелата во групата „Ј“ селекцијата на Германија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk