
Конечно се знаат условите, екипите и термините за одвивање на новата одбојкарска сезона во Првата и во Втората лига на Македонија. Во оваа сезона Првата машка лига на Македонија ќе ја сочинуваат 11 екипи кои во есенскиот дел ќе одиграат 11 кола а потоа ќе следуваат две фази. Во првата фаза ќе се натпреваруваат првите 6 екипи на табелата а во втората фаза преостанатите 5 екипи. Потоа следуваат полуфинални средби на две победи и на крајот финале со 3 остверени победи. Во првото коло кое ќе се одигра на 16 октомври ќе се сретнат:
- Универзитет Тетово – Штип УГД
- Вардар – Лирија
- Шкендија – Дибра Волеј
- Јанта Волеј – Македонија Џио
- Борец – Весна Пробиштип
Струмица – слободни
Во женска конкуренција ќе има Прва лига со 8 и Втора лига со 9 екипи. Во првата лига – жени ќе се игра двокружно или вкупно 14 кола а потоа ќе има втора фаза со по 6 меча за секоја екипа за да се дојде до разигрување.Еве ги паровите за првото коло:
- Јанта Волеј Кисела вода – Фит Фан Волеј
- Вардар – Пелистер
- Струмица – Работнички
- Универзитет Тетово – Наковски Волеј
Втора лига – жени
- Македонија Макс – Куманово
- Бами Кор – Ускана
- Младост УГД – Вардар ЕМ
- Јанта Волеј Форца – ТЕ Волеј
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk