Наскоро ќе започне сезоната во Футсал, Втората Македонска лига со 3 штипски екипи

Новата сезона во Футсал наскоро ќе започне на радост и на задоволство на македонските клубови од Првата и Втората Македонска лига. Во сезоната 2021/22 година и двете лиги ќе ја сочинуваат по 10 екипи а интересно е тоа што годинава дури 3 штипски екипи ќе фигурираат во Втората лига. Екипите на Астибо и на Мал Ајакс го загубија прволигашкиот статус а друштво во новата второлигашката сезона ќе им прави и новоформираниот штипски клуб Кардашлк. Нашите информаци велат дека првенството во првата лига ќе започне на 9 и на 10 октомври а сезоната во втората лига ќе започне на 23 и на 24 октомври. Според информациите од тренерот на КМФ Астибо, Илија Митров задржан е костурот на тимот од минатата сезона а се очекува доаѓање и на неколку нови фудбалери, но нивните имиња сеуште се држат во тајност. Во секој случај новата сезона ќе биде интересна, возбудлива и пребогата со Футсал кој по традиција во Штип е мошне омилен и популарен спорт.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk