Егоров со една победа заврши на СП во борење, Нуров победи и продолжува понатаму

Светското првенство во борење започна фуриозно за македонскиот борач Мугамедгаџи Нуров кој во првото коло во кат. до 97 кг. забележа победа. Противник му беше Лукас Красаускас од Литванија и Нуров го победи со технички туш или со резултат 17:6. На нашиот Нуров во второто коло противник му беше Радослав Баран од Полска и на голема радост Нуров го победи поскиот борач со резултат 3:1.

Во следната 1/4 средба Нуров за противник го има Фредерик Шнајдер од САД. Вториот наш претствник Владимир Егоров во кат. го 57 кг. во првото коло го победи јужнокорејскиот борач Чангјунг Парк со технички туш или со резултат 11:0. Во второто коло Егоров загуби од американецот Томас Гилман кој подоцна се пласираше во финалето овозможувајќи репасаж за нашиот борач. Во репасажот Егоров имаше водство од 3:0, но во вториот период беше послаб и загуби со резултат 13:3 со што ги заврши борбите на ова светско првенство што се одржува во Осло, Норвешка.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk