
Попладнево се одиграа натпреварите од 6 коло на ВМФЛ – Исток во кое лидерот на табелата тимот на Каменица Саса рутинирано славеше дома против тимот на Кит Го со резултат 2:0 (2:0). И двата гола паднаа во раната фаза од натпреварот, најпрвин Филип Димовски во и8 м. донесе водство од 1:0 за да конечниот резултат од 2:0 го постави Мартин Мисердовски во 28 м. Вистински фајтерски меч без калкулации, со шанси на едната и на другата страна, со фер и коректен однос на актерите на теренот и во натпревар без жолти картони . Еве ги комплетните резултати од ова 6 коло:
- Каменица Саса – Кит Го 2:0
- Братство – Кожув 0:1
- Слога – Беласица 1:1
- Осогово – Детонит 2:1
- Локомотива – Победа 1:4
Табела
- Каменица Саса 17
- Победа 13
- Слога 13
- Беласица 11
- Кит Го 9
- Кожув 7
- Осогово 7
- Локомотова 4
- Детонит 4
- Братство 1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk