Големите и темни кризи раѓаат нови светлосни идеали. Нашето мото да му служиме на народот и правилно да го информираме со брзина на светлоста се проби во етерот на медиумската карта на регионот. Работевме во тмурни, отежнати услови од кои произлегоа вистинити човечки и општествени судбини кои ја вратија довербата на достоинството на секој човек. Една година за која сметаме дека беше успешна е зад нас и соработката со вас гледачите ќе биде секогаш свет идеал и секогаш пред нас. Нашата мала, но одбрана редакција продолжува понатаму со несмален интензитет во креирањето на вистнити прилози и секогаш и во секое време ќе бидеме вашиот прозорец кон катадневните случувања и дејности. До денес 365 дена беа исполнети со вистински труд, работа, но и огромна желба она што го работиме да остави белег зад нас.

Успехот не доаѓа преку ноќ, но ние не се откажавме. Кога никој не веруваше во нас си бевме поддршка едни на други, за денеска гордо да кажеме дека со вистинска желба се доаѓа до поскауваниот резулат. Ние сме млади, само една година, но соништата ни се големи, желбата уште поголема, а вербата во нас е она што придонесува да кажеме дека ние не застануваме овде. Први октомври 2020 година за нас беше искушение, предизвик, а сега година дена по тоа предизвикот е прифатен а ние сме дел од него. Акредитиран партнер на УЕФА и ФФМ. М-Нет сега е ваш телевизиски оператор кон следната генарција, Ваш информатор и ваше секојдневие. Нека ни е најсреќен роденденот, наша и ваша М-Нет телевизија