Жителите од светиниколско Црнилиште во 21 век оставени без електрична енергија

Жителите од село Црнилиште свети николско денеска излегоа на мирен протест. Велат во 21 век се оставени без електрична енергија, па многумина млади се принудени дури и да се иселат од ова место. Проблемот неколку пати бил пријавен во ЕВН но се уште не е пронајдено решение.

Порблемот е голем и не е од вчера велат жителите, додавајќи дека решение мора да се пронајде. Исто така тие посочија дека не станува збори за политички собир, туку протес за да се добијат основните услови за живот во 21 век.

За проблемот се обидовме одговор да побараме и од ЕВН меѓутоа не ги добивме на телефон.