
Женскиот ракометен клуб Астибо на домашен терен во Штип одигра нерешено со тимот на Спартак од Скопје а резултатот беше 25:25(14:12). Младите штипјанки согореа во желбата за успех, имаа и водство во првото полувреме, но неискуството беше пресудно и се освои само еден бод. Според зборовите на тренерот Дејан Величков екипата функционираше беспрекорно, сите го дадоа својот максимум а во оваа прилика сепак би ги издвоиле Драгана Стојанова и Марија Анчева кои постигнаа по 10 голови Инаку ова беше натпревар од третото коло, во првото коло Астибо загуби во Св. Николе од Овче Поле со резултат 29:24, а во второто коло беа слободни. Тимот на Астибо настапува во групата „Б“ на Супер женската лига на Македонија во која се 7 екипи а тоа се Металург, Овче Поле, Вардар, Стружанка, Ѓорче Петров, Астибо и Спартак, додека пак „А“ групата ја сочинуваат 8 екипи и тоа Деспина, Чаир, Пелистер, Куманово, Шампион, Гевгелија, Феникс и Кузман Вардар.
Драги Герсасимов – Пушка Mnet.mk