ВМРО ДПМНЕ: Зошто ЈП „Исар“ склучува па раскинува договори? Коцев: Одговор веќе дадов!

На денешната прес – конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип тема – обезбедувањето во ЈП „Исар“. До директорот Коцев поставија низа прашања за причините за раскинувањето на скоро склучениот договор со приватна компанија за обезбедување.

„Иако ЈП „Исар“ располага со вработени лица за обезбедување, сепак, во јули претпријатието склучи договор со приватна компанија за обезбедување во износ од 2.500.000 милиони денари. Уште тогаш овој договор беше сомнителен, затоа што нема логика да се плаќаат дополнително надворешни лица за вршење на услуги кога веќе исти такви лица се вработени во претпријатието. Сомнителна беше и неколкукратната промена на техничката спецификација на тендерот, а сега е уште посомнително тоа што за два месеца ЈП „Исар“ сака да го раскине договорот. ВМРО – ДПМНЕ го прашува директорот на ова јавно претпријатие: Дали е вистина дека заради неисплатената провизија од компанијата којашто го добила тендерот, ЈП „Исар“ ќе го раскине договорот? Дали пред избори продаваат популизам, а во суштина се работи за нереализирана зделка? И дали склучувањето на милионските договори за услуга која веќе ја вршеа вработените во ова јавно претпријатие беше само побрзо полнење на џебовите пред губењето на овие избори?“ – реагираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Претходно, Коцев за МНет телевизија даде одговор во врска со ситуацијата со обезбедувањето, а сега на прашањата од прес – конференцијата напомена дека одговорот е ист.

„Затоа се решивме за склучување на договор, односно направивме тендер со Агенција за обезбедување, која во овој случај е од Скопје, но луѓето се од Штип. Но се случи тоа што на некој начин го предвидувавме, со самата цена тие на наддавање, на аукцијата отидоа толку ниско што со тие пари што ќе ги добиваат од ЈП „Исар“ не можат да ги покријат платите и ред други работи. Истовремено, се случи тоа тие да не се ја извршуваат совесно работата. Едноставно, еден од обезбедувачите на депонијата го беше напуштил и работното место. Беа и несоодветно облечени, немаа работна дисциплина, па вчера се решивме да им го прекинеме договорот. Тие ќе работат до 1 октомври. Потоа ќе распишеме нов тендер и ќе бараме малку посериозна фирма којашто посериозно работата“, одговори Коцев.

Тој додаде дека причината за промената била тоа што работеле истоштени лица, кои сега немаат отказ од работа, туку се преместени на други функции.

Ребека Спасова МНет