Католиците слават Велигден

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка по повод денешниот празник Велигден до сите граѓани од католичка вероисповед:

„Денешниот ден е значаен за многу наши сограѓани, но и за многу христијани насекаде во светот. Нека симболиката на денешниот празник го зацврсти победничкиот дух кај сите, особено во овие тешки времиња во кои се соочуваме со сериозни предизвици и искушенија.

 Навиките и ритуалите ги менуваме и прилагодуваме за да дадеме соодветен одговор на новата здравствена закана – вирусот COVID-19.

Но, тоа не е пречка за граѓаните верници да го почувствуваат значењето на денешниот празник. Напротив, токму сега се изразува силата на духовната поткрепа и големината на човековата надеж.

 Тие се главни водилки во надминувањето и на најголемите искушенија. Во нашата битка ќе истраеме и од неа ќе излеземе посилни, помудри и повредни. Како и секогаш – животот ќе победи.

 На сите граѓани кои денес слават Велигден им посакувам празникот да го поминат во духовен мир, хармонија и со верба за подобро утре.

Честит празник и за многу години!,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.