
По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.С.(58), Ј.Д.(59), С.И.(45), Г.О.(50) сите од Свети Николе и Џ.Р.(25) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „затајување“.
На 21.09.2021, во периодот од 07.00 до 13.00 часот, петте осомничени лица, вработени во фирма, од пет товарни моторни возила, кои им биле доверени од фирмата за извршување на работни задачи, противправно присвоиле 200 литри нафта. Полициски службеници од СВР Штип, покрај коловозот од с.Крупиште кон Пробиштип, во близина на с.Пишица, извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ и патничко моторно возило „пежо“, при што пронашле и одзеле 200 литри нафта складирани во пластични туби. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.