Мирна ковид ноќ во болниците во Кочани и Штип, нема починати лица

Десет слободни места во штипската клиничка болница за ковид пациентите и 12 во кочанската болница. Мирна ноќ и за двете болници бидејќи нема регистрирано починати лица, моментално во двете болници хоспитализирани се 61 пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Во штипската болница бројот на хспитализирани е 46 плус 10 пациенти  на дневна болница, 41 пациент се во модуларната ковид болница и 5 на Кожното одделение кое функционира како ковид оддел. Во последните 24 часа примени се пет нови пациенти, а испишан е само еден. Од хоспитализираните 34 лица се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 13 лица. Нема регистрирани ниту едно починато лице, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

И во кочанската болница нема драстични промени во бројот на хоспитализирани ковид пациенти. На болничко лекување се 15 лица иднетично како и вчера, во последните 24 часа нема ново примени пациенти ниту пак оздравени. Шест пациенти се на кислородна поддршка, а вакцинирани се само двајца со по една доза вакцина. Во последната недела дена нема регистрирано ниту едно починато лице во кочанската болница од ковид 19, информираше директорот на болницата Александар Серафимов.

Според Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Лаура Стојанова М-Нет