
За прв на сцебната на Макфест со своја композиција ќе настапи и Виолета Арсовска. Пред камерите на М-Нет телевизија таа истакна дека возбудата е голема и дека вечерва отккако ќе даде се од себе да ги освои публиката и жирито очекува пласман и во финалната вечер.
„Возбуда постои затоа што песната ми е премногу драга, голема благодарност до Весна Малинова која што го напиша ова прекрасно за мене дело со кое сум навистина и емотивно поврзана, песна која веќе повеќе години стои во фиока и ме чекаше да соберам храброст и да излезам и јас еве и да се претставам на Макфест“ – истакна Арсовска.
Арсовска со Макфест е поврзана речиси секоја година, дали како придружен вокал или во жири комисијата. Но, за неа посебен ќе биде овогодинешниот настап сама, со песната „Нека ме снема“.
Подготовките за оваа песна започнале во февруари годинава, сосем случајно вели Арсовска. Денеска се правеа последните проби пред официјалниот настап на макфестовата бина.
„Морам да кажам дека уште февруари, март Весна дојде еден ден кај нас во музичкото училиште, седна на клавирот едноставно почна да ја свири, јас почнав да ја пеам и тоа беше клучинот момент“ – додаде Арсовска.
Арсовска вечерва ќе настапи петта по ред.
Лаура Стојанова М-Нет