
Фудбалските второлигаши од истокот утре, сабота ќе ги одиграат натпреварите од редовното четврто првенствено коло. Уште од стартот на првенството неколку екипи се издвојуваат со својата игра најавувајќи со тоа борба за освојување на самиот врв. Засега на врвот се наоѓа екипата на Слога од Виница со максимални 9 освоени бодови а во чекор ја следат екипите на Беласица, Каменица Саса и Победа кои имаат освоено по 7 бодови. Вниманието во ова коло го привлекува дерби натпреварот во Виница помеѓу екипите на Слога и на Победа од Прилеп и од овој меч нашата Мнет ТВ и каналот Мнет Спорт ќе врши директен пренос. Во средата обете екипи имаа настап во рамките од 1/16 финалето на купот на Македонија, Слога во Виница загуби од прволигашот Работнички со резултат 3:0 додека пак Победа во Прилеп во пенал рулетот загуби од скопски Вардар откако во регуларниот дел беше 1:1. Веќе се делегирани и официјалните лица а натпреварот во Виница ќе го суди судијата Марјан Стојановски од Кичево. Еве ги комплетните двојки за ова 4 коло:
- Братство – Кит Го
- Каменица Саса – Детонит
- Кожув – Беласица
- Осогово – Локомотива
- Слога – Победа
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 18 септември 2021 г. со почеток во 15.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk