Полициски службеник од Кочани починал на работното место

На 12.09.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Кочани, полицискиот службеник М.Ј.(53) од Кочани починал додека бил на работното место во ПС Кочани. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.