
По двонеделна пауза поради репрезентативните настапи на Македонија, фудбалските прволигаши се враќаат на првенствените обврски. Екипата на Брегалница утре, недела ја очекува гостување и ново искушение против екипата на Работнички од Скопје. Популарните „романтичари“ засега се на 7 место на табелата, со остварени две победи, одиграни две нерешени средби и доживеано еден пораз со освоени вкупно 8 бодови. Брегалница на табелата е веднаш зад Работнички на 8 место со остварена една победа и одиграни 4 нерешени средби а без пораз со освоени 7 бодови. Токму единствената победа против Академија Пандев ја покажа силата и знаењето на играчите на Брегалница за тоа како треба да се бранат боите на клубот и да се бие битка за остварување на победа и во тешки и непријатни моменти. Веќе се одредени и официјалните лица за овој меч во кој главна „свирка“ ќе биде Александар Грујоски од Кичево на кого ќе му помагаат Гоце Петрески и Слаѓан Марковски а четврти судија ќе бида Ивана Пројковска. За Контролор е делегиран Игор Ширилов од Скопје а Делегат ќе биде Благоја Петров од Велес. Еве ги комплетните двојки за ова 6 коло:
- Работнички – Брегалница
- Струга ТЛ – Скопје
- Шкендија – Шкупи
- Борец – Пелистер
- А. Пандев – Македонија ЃП
- Тиквеш – Ренова
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 12 септември 2021 г. со почеток во 16.00 часот.