Поголем дел штипјани се греат на дрва бидејќи според нив е поисплатливо

На повидок е грејната сезона, а граѓаните имаат повеќе алтернативи да одлучат на што ќе се греат, дали на дрва, на струја или слично. Сите грејни материјали чинат пари, разлика има, но одлуката за тоа со што ќе се греете зависи од вас самите.  Од направената анкета во Штип поголемиот дел од граѓаните кажаа дека зимската сезона ќе ја поминат греејќи се на дрва бидејќи според нив е најисплатливо. Имаше и такви кои дрвата ги замениле па сега се греат на струја. Оние граѓани кои се греат на дрва додадоа дека веќе речиси се обезбедиле за претстојната грејна сезона почнувајќи од месец март, април.

„На дрва се гремеме, поисплатливо е, повеќе топли, а може и да си готвиме“

Граѓаните кои се греат на дрва велат дека цената на истите достигнува и до 3.500 денари за метар кубен дрва, меѓутоа топлината е поразлична, а истовремено може и да се готви. За разлика од греењето на струја кое важи за поскапо, но нуди повеќе комфор и нема постојано чистење на печките.

Лаура Стојанова М-Нет