
Главниот град на Македонија Скопје беше домакин и технички организатор на Балканското кик – бокс првенство на кое настапија натпреварувачи од 7 држави. Меѓу нив беше и членот на КБК „Гладијатор“ од Штип Никола Нацев кој предводен од тренерот Шенол Асанов се појави во нова дисциплина К 1 иако негови специјалитети беа Лајт кик и Кик лоу.
Никола Нацев освои бронзен медал откако во полуфиналето загуби од светскиот првак,србинот Александар Дондур кој пак во финалето загуби од претставник на Црна Гора.
Македонската селекција беше најмасовна и најбериќетна со освоените медалји и трофеи, вкупно се освоени 68 медалји од кои 6 златни, 21 сребрени медалји и 41 бронзени медалји.
Во понатамошниот период членовите на Гладијатор ќе се подготвуваат во нови простории, ќе се зголеми бројот на присутни на задолжителните тренинзи а со тоа ќе порасне и бројот на кик – боксери кои под раководство на тренерот Шенол Асанов ќе настапуваат на претстојните домашни и меѓународни турнири.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk