
Имотот со кој располага директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев не е пријавен, односно за истиот нема поднесено Анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму со низа прашања до Коцев, бараат одговори.
„Директорот на ЈП „Исар“ и покрај неговата законска обврска да го пријави имотот со кој располага, сепак не го направил тоа. Нема поднесено анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупцијата, што е казниво со Закон. Односно, човекот кој поседува луксузни возила и недвижен имот, не само што не ја известил Државата комисија, туку и доколку направи промена на истиот, истата нема да има увид во тоа. Меѓутоа, главните прашања кои ја интересираат јавноста и на кои треба да одговори Министерот Здравко Коцев се:
Како од државна плата се стекнува таков имот и луксузни возила?
Дали е вистина дека Коцев имотот го стекнал преку црни бизниси?
На чие име се води имотот и возилата со кои располага Коцев?“ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
За одоговор го побаравме и човекот кој е прозиван од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, Коцев меѓутоа во телефонски разговор тој истакна дека нема коментар.
Лаура Стојанова М-Нет