Кик – боксерот Никола Нацев концентриран за Балкански медал по подготовките во Србија

Завршија подготовките на балканските кик боксери кои се одржаа на Власинското езеро во Србија. Таму во заеднички камп беа кик – боксерите од Србија, Македонија, Бугарија, Црна Гора, БиХ и Молдавија и според зборовите на тренерот на КБК Гладијатор од Штип Шенол Асанов минале исклучително корисно и мошне успешно. Никола Нацев го очекува настап на Балканското првенство кое ќе се одржи во Скопје од 3 – 5 септември и од кое се очекува успешен настап а знаејќи ја неговата упорност, талент и желба за успех, со право се очекува освојување на еден медал. До почетокот на Балканското првенство во Скопје подготовките на Никола Нацев под будното око на тренерот Шенол Асанов ќе се одвиваат во Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk