
Во пресрет на големиот христијански празник Голема богородица пред црквата во Ново село во Штип веќе се поставени тезгите кои традициопнално овде за овој празник се секоја година. Дарко од Штип е еден од нив и вели задоволство му преставува што секоја година своите производи може да ги продава пред црквата.
„Ова ни е традиционален занает на нас, уште прадедо ми, дедо ми го е работил, татко ми јас. Тука на овоа место продаваме веќе околу 40 години и кога работиме работиме цела фамилија“ – кажа Драган.
Од лижавчиња до алва и бонбони се може да се најде на неговата тезга. Со овој занает како што вели Драган има доволно за среден живот.
Повеќето од неговите производи тој и неговот семејство ги пласираат пред цркви и манастири во очи на некој празник. Овие неколку дена се пред црквата во Ново село во Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет